Archive for 2010

Чувај ме

// декември 26th, 2010 // 6 Comments » // лично, поезија

Чувај ме помеѓу страниците
на споменарите
во споредбите меѓу сите
твои љубови
во стисокот на дланките
и кога повеќе нема да ме
сакаш
Чувај ме како месечина
врамен во твојот прозорец
во секоја пора на твоите
мазни мишки
мазни како моите образи
после бричење
наместо сребрено распетие
во твоите пазуви
на секој отпечаток од
прстите самозадоволно
кога се галиш
Чувај ме во влагата
на некој сон
кристално јасен и
тврд на допир
присутни во немањето
на работ на усните
длабоко под шминката
и долната облека
Чувај ме каде одамна
сум очекувал и сум се
надевал
дека ќе ме пресрамиш
дека ќе те пресрамам
во твоето земјотресно
ааахх
YouTube Preview Image
Чувај ме помеѓу страниците
на споменарите
во споредбите меѓу сите
твои љубови
во стисокот на дланките
и кога повеќе нема да ме
сакаш
Чувај ме како месечина
врамен во твојот прозорец
во секоја пора на твоите
мазни мишки
мазни како моите образи
после бричење
наместо сребрено распетие
во твоите пазуви
на секој отпечаток од
прстите самозадоволно
кога се галиш
Чувај ме во влагата
на некој сон
кристално јасен и
тврд на допир
присутни во немањето
на работ на усните
длабоко под шминката
и долната облека
Чувај ме каде одамна
сум очекувал и сум се
надевал
дека ќе ме пресрамиш
дека ќе те пресрамам
во твоето земјотресно
ааахх

Кога заспивам

// декември 17th, 2010 // 2 Comments » // Некатегоризирано

Кога заспивам и кога
се будам
ми се пред очи ми се
на ум
ми се на врвовите
од прстите
твоето месечево лице
со најчелични очи
твоите рамења и врат
како полигон за полагање
на сите вежби по
нежност
твојата предница
твојата задница
бели и поцврсти од
младо сирење
твоите неописливи
нозе и раце
украсена со гласот
кој ми пееше
и парфемот што не знам
како се вика
па го нареков по
тебе
YouTube Preview Image
Кога заспивам и кога
се будам
ми се пред очи ми се
на ум
ми се на врвовите
од прстите
твоето месечево лице
со најчелични очи
твоите рамења и врат
како полигон за полагање
на сите вежби по
нежност
твојата предница
твојата задница
бели и поцврсти од
младо сирење
твоите неописливи
нозе и раце
украсена со гласот
кој ми пееше
и парфемот што не знам
како се вика
па го нареков по
тебе

Снегулки

// декември 13th, 2010 // 3 Comments » // лично, поезија

Стопени снегулки во
твојата коса
моите измрзнати
дланки во
твојот здив
водата се грее
планински или
липа
твоите ракавици
и плетена капа
оставени да се
сушат
утрово тишината
чувана под
нула
на прозорецот
оставила честитка
печатена со
мраз
YouTube Preview Image
Стопени снегулки во
твојата коса
моите измрзнати
дланки во
твојот здив
водата се грее
планински или
липа
твоите ракавици
и плетена капа
оставени да се
сушат
утрово тишината
чувана под
нула
на прозорецот
оставила честитка
печатена со
мраз

Скопје

// декември 7th, 2010 // 5 Comments » // лично, поезија

Ова е Скопје паднатото

од небо

во кое не сум роден

и така ќе се дружиме

до кога ќе се дружиме

Скопје што има старо

поново од новото

некогаш ќе изградат

нов Камен Мост

постар од овој што

пропаѓа прешминкан

и расипан

Ова Скопје е Скопје

од провинција

на која и наплаќа

мрсни кирии

Скопје што врие од

банкомати

и нови автомобили

и скап станбен

простор

и бесен народ

што постојано мантра

се немало пари

Скопје во кое сите се знаат

наоѓајќи се на исти места

шопинг во Шутка

кафе на Кеј

корзирање на улица

Македонија

бивша Маршал Тито

сликање за Фејсбук

на Ленинова

опуштање во Чаршија

и клабинг во Хард Рок

и Гранд брааат

Ова е Скопје на спомени

и споменици

Скопје кое умира

и се раѓа секојдневно

со кое се разминуваме

на пазарите и автобуските

постојки

на влезовите на сите места

каде ниту влегувам ниту

излегувам

Ова е твоето Скопје

со кое се создававте

кое те гледаше како растеш

и тие тајни никогаш

нема да сака да ми ги каже

или ми ги кажува

без да разберам

кој да знае

Скопје во кое прооде

каде Дедо Мраз те прашуваше

дали си била добро девојче

иако брадата не му беше

повистинска од мојата

тоа беше вистински Дедо Мраз

Скопје во кое научи

да читаш и пишуваш

со ракопис кој не го разбраа

Скопје во кое сеуште

си вљубена

и на кое секогаш му се враќаш

во чиј парк ти закажувам

состанок кај Езерцето

или уште потаму

под крошната на дрвото Гинко

Скопје што ќе го напуштам

или освојам

водејќи те со себе

како највреден плен

кое не знам дали ќе жали некогаш

за мене и тебе

Скопје во кое не сакам

да не закопаат

независно што и да се

случи

и какво што никогаш нема

да го видиме

втемелено во нашето

сонување

како огромна канцеларија

на Министерството на мечти

како ноќната програма на радио

со гласовите од кутијата

што во мракот ни ги

рецитираа

заборавените нешта

кои си ги кажавме за првпат

тогаш и секогаш

Скопје во кое ќе имаме

толку луѓе и празници

за испраќање

и кое барем еднаш ќе не

пречека

како неговите вечни деца

Сведок

// декември 2nd, 2010 // 3 Comments » // лично, поезија

YouTube Preview Image
Сведок ми е овој црн прстен од
монистри што го имам наместо бурма
за кој ме прашале што ми значи
а како да ме прашале за тебе
и затоа никогаш не сум одговорил докрај
не мислев дека ќе ми бидеш несоница
за не можам да ти се нагледам
и заспана и будна
да не можам да ти се намислам
и присутна и отсутна
да не можам да ти се насакам
да не можам да ти се наљубам
Затоа те избегнував како да знаев
со тебе ќе ја имам најмилата мака
го веднев погледот срамејќи се што
си убава знаејќи дека ме гледаш
и затоа секогаш те допирав внимателно
како нешто и свето и клето и единствено
да не би наместо прсти да ти се познаваат
страсни изгореници по снагата
да не би да почнеш да месечариш
и да окопниш од неколку
непремолчени зборови
од што те засакав како секоја
те љубам како никоја друга
Ме доби со причина те добив ли со заслуга
кога ќе прифатев се освен да ме прифатиш
и по сите порази и сите корпирања
најтешко ми падна твојата милост и добрина
и со твојата љубов не знам што би правел
а ќе биде нешто незнаено ете такво нешто
зашто виде што во себе не гледав
како што веруваш што не верував
зашто откога те заљубив не сум со себе
ни сум со тебе и мислам ми е добро
а од тебе што подобро и полошо животе мој
можеше да биде
Еве веќе години како те меткам непрестано
од глава во пазува од пазува под перница
од под перница на трпеза од уста во песна
меѓу сите грешни светии меѓу ѕвезди и облаци
од што те љубам како никоја друга
од што за тебе можам да потрошам и што немам
што ти се радувам како мрсен петок
како раѓањето на внук ми и победа на Барса
што уште чекам да одговориш со да
во мојата прегратка кроена по тебе
наместо наметка царска и куќна стреа

Во четири четвртини

// ноември 26th, 2010 // 3 Comments » // лично, поезија

YouTube Preview Image

Кога играме прегрнати

со образ на образ

кога знам како непогрешно

со штиклите

го испишува нашето

мало мечтаење

кога верувајќи ми се

препушта со насмевка и

со затворени очи

да бидеме една планета

со две срца што чукаат

во четири четвртини

кога се собрано на едно место

не сме јас и ти

оставам музиката

да мисли наместо нас

и само следам следен

во ова сема

знаејќи

тој топол допир

и здив на рамото

и парфемот во полумракот

раката што ме прегрнува

и снагата што ја прегрнувам

и градите положени

на моите гради

сме јас и партнерката што

не си ти

и посакувам да ми беше

тука

за една нумера

или барем миг

Чувај се

// ноември 24th, 2010 // 3 Comments » // лично, поезија

YouTube Preview Image

Го променив зглавјето во надеж

дека таму положени ‘ртат

сите соништа со тебе

Чувај се во дниве со ниско сонце

чувај се во ноќиве што растат

одамна не сум отишол

да запалам свеќи за здравје

и не знам од кого повеќе

да не бранам

Чувај се јас не знам многу

што друго да ти речам

следниот пат ќе ти зборувам

со дланките и со поглед

со сета моја кожа

и секој израз на задоволство

што те има

Ако не се родеше ќе требаше

уште посилна причина

за да се родам

и ќе трагав зад бескрајот

и ќе му ѕиркав и на

невидливото

за да те најдам

Затоа чувај се

од тебе во денот имам повеќе од

дваесет и четири часа

од тебе јаболките секогаш

остануваат освежи од тебе

нештата знаат да ја збунат

физиката

Затоа чувај се

не знам што ќе беше

ако те немаше тебе

шифрирани писма

// ноември 11th, 2010 // 6 Comments » // лично, поезија

Ми доаѓа понекогаш

некоја мисла за тебе

иако велев нема

никогаш повеќе нема

се прашувам како ти е

на другиот брег од

небото

Дали е таму веќе минус

нешто на термометарот

и дали таму ги има

исти вакви

листопадни дрвореди

од липи и костени

и дали и таму ги има

ваквите скопски магли

и дали и таму кога врне

на улиците има

поплави

Ми фали некоја страст

за малку вкус во животот

малку да лути или горчи

нешто ново преку јазикот

откога ги избришав

твоите пораки

и ја искинав твојата

слика од паричникот

да не те читам и да не те

видам

и сега немам кому да

ги пишувам

и кому да ги испраќам

овие шифрирани

писма

зашто само ти знаеше

вистински да ги

разбираш

Една песна за старите љубови

// октомври 25th, 2010 // 5 Comments » // поезија, сешто

Беа тоа љубови какви

не сакаме да се повторат

зашто не можат да се

повторат тие прекрасни

времиња

би ги нарекле животна

школа

тие љубови

од кои не гледавме

од кои прогледавме

колку е прекрасна

идиотската вечност

Тогаш се дававме

така безглаво и така

наивно замислувавме

согласно на сето

собрано незнаење

оволку среќа и онолку деца

и внуци со нашето име

до погребот

Веќе ги имавме замислено

нашите спомени

немарно распослани

по небранетите гради

и слабини и колкови

и колена и образи

усни насмеани и

усни срамни

на сиот женски свет

од една во сите

онолку со зборови запирка

толку милијарди жени

Какви само љубови беа тоа

и што се можеа да бидат

секоја посебна секоја

единствена и

секоја најверна и

изгледа последна

било кога

можевме да предадеме

се заради нив

повеќе гледавме филмови

отколку што читавме

поезија

некои ја пишуваа некои

ја живееја

уште пред сериите

на телевизија

Тоа беа љубови

премногу совршени

за да видат вистински

и не успеаја поради

инфлацијата што ги лапна

толку одамна

како да било пред

потопот

и за нив повеќе

никој ништо не знае

освен дека на нив сеуште

се палат тинејџери

од соседството

и имаат родено ќерки

со ооох тие очи

и ааах тоа чекорење

и тие мммх тие облини

што не знаат за гравитација

и се надеваме ќе бидат посреќни од нас

Некои

// октомври 24th, 2010 // 4 Comments » // поезија, сешто

И така

помина она што не идеше

ни за години ни за векови

во паузата за реклами

кој да знаел што беше

некои пак ќе чекаат

некои заминаа разочарани

некои го сменија каналот

некои го исклучија телевизорот

па поведоа разговор со познати

и непознати

некои си легнаа порано

некои пак сонуваа

на некои им беше топло и

се открија некои од нив

настинаа

а некои лежеа прегрнати

и би рекол дека

зјапаа во таванот

ама не бев таму

зашто и јас иако сам

зјапав во таванот

кога си легнав за прва

смена